Седница на АВМУ

од Vlatko K

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска на седница ќе расправа за предлог-одлуката за доделување дозвола за радио емитување на државно ниво, кое ќе се емитува преку мрежа на радиофреквенции определени од Агенцијата за електронски комуникации.

На дневен ред на седницата е и Предлогот за изрекување мерка јавна опомена на ТРД 24 ВЕСТИ ДООЕЛ Штип за прекршување на член 50 став 3 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Слични содржини