Седницата на ДИК презакажана за во 19.30

од Nikola Popovski

Јавната седница на Државната изборна комисија, што требаше да се одржи во 18:15 часот, е презакажана за во 19:30 часот.

– Поради финални контроли на податоците седницата се презакажува и истата ќе започне во 19:30 часот, информираа од ДИК.

Се очекува ДИК да ги објави неофицијалните конечни резултатити од вчерашните парламентарни избори.

Објавувањето на резултатите од изборите се пролонгираше бидејќи имаше пад на сајтот за известување во неколку наврати, за што од ДИК информираа дека станува збор за надворешен напад.

Седницата ќе се емитува во живо на Јутјуб каналот на ДИК

 

Слични содржини