Седницата за разрешување на Мизрахи закажана за утре, распуштање на Собранието во недела

од Aleksandar Todeski

Седницата за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи на барање на владата е закажана за утре во 15 часот. Сепак е неизвесно дали истата ќе се одржи, бидејќи претходно е закажана седницата за Законот за Јавно обвинителство и Законот за Совет на Јавни обвинители, на која за збор се јавени над 30 пратеници.

Седницата за распуштање на Собранието пак, претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја закажа за во недела, на 16 февруари.

Денешната седница за Законот за Јавно обвинителство, иако беше очекувана од утринава се одржа само десетина минути, откако Џафери се налути поради Фејсбук статус на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски и ја одложи седницата за утре во 11 часот.

А.Т.

Слични содржини