Седум кандидатури за градоначалник на Гостивар

од desk3
 Во трката за градоначалничката фотелја на Гостивар во игра се 7 кандидати.  Демократската Унија за интеграција (ДУИ) – Невзат Бејта, Демократската партија на албанците (ДПА) – Себајдин Изаири, Коалицијата НДП-Унитети – Шпат Исеини, Движење БЕСА – Асаф Адеми, Алијанса за албанците – Арбен Таравари, коалицијата предводена од ВМРО – Дафина Стојаноска, и Социјалдемократска партија на Македонија (СДПМ) – Ленка Јованоска. 

Листи со кандидати до ноќеска на полноќ поднеле: ДУИ, со носител Насир Муслиу, ДПА, носител Вилдан Мемеди, Алијанса на албанците, носител Лулиета Изаири, Движење за национално единство на турците (ДНЕТ), носител Ертан Јакупи, БЕСА, носител Арафат Шабани, партијата Алијанса на албанците, Бесим Мемеди, коалиција „живот во Македонија за сите“ – Зоран Ангелов, Демократска партија на турците (ДПТ)-Озкан Бајрами, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, носител Лоран Страшески.

 

Слични содржини