Седум лица се удавија поради селфи

од Stefanija Kuzmanovska

Седум лица се удавија, а две се водат како исчезнати по потонувањето на туристички брод во вештачкото езеро Бојолали во индонезиската провинција Централна Јава, кога сите патници одеднаш преминале на едната страна за да се фотографираат, соопшти денеска тамошната полиција.

Единаесет лица беа спасени, а властите најавија истрага за небрежност.

Според полицискиот службеник Ахмад Луфти, со бродот управувал тринаесетгодишник.

„Причината за несреќата е пренатрупаност. Околу дваесетина луѓе, заради селфи, преминале на едната страна од бродот, кој ја изгубил пловната моќ и потонал“, нагласи Луфти, пренесува „Франс прес“.

Капацитетот на бродот е 14 лица, но за време на несреќата имало 20 луѓе на палубата.

Слични содржини