Седум нови случаи на мајмунски сипаници во Австрија, властите работат на набавка на вакцини

од Stefanija Kuzmanovska

Седум нови случаи на зараза со мајмунски сипаници се регистрирани во Австрија, соопшти Министерството за здравство.

Во моментов во Австрија се познати вкупно 11 случаи на мајмунски сипаници.

Мајмунската сипаница е болест која мора да се пријави кај надлежните органи, по што тие мора да стапат во контакт со заразените.

Вакцинирањето на населението, велат од Министерството, врз основа на моменталната состојба, не е потребна.

И покрај тоа, австриските власти работат на набавка на вакцината во координација со европските институции.

Министерството нагласува дека кога ќе биде достапна вакцината против мајмунски сипаници, ќе соопшти дали и која група луѓе треба да ја примат.

Слични содржини