Седум полицајци приведени во Куклица, си правеле забава со гласна музика

од Vladimir Zorba

Полицајци се приведени во кратовското село Куклица, откако биле затекнати како прават забава со гласна музика и викање, пренесе „А1 он“.

Полицајците ги пријавиле жители на селото на кои им пречела бучавата.

Полицајците и цивилите присутни на забавата давале отпор при обид за нивно приведување, по што интервенирала и Единицата за брзо распоредување.

Тие со лисици биле однесени во надлежната полициска станица.

За случајот е известено и Обвинителството.

Слични содржини