Почетна / Хроника / Седумдесет и седумгодишник од Тетово починал по пад во шахта

Седумдесет и седумгодишник од Тетово починал по пад во шахта

Тетовец на возраст од 77 години починал по пад во водоводна шахта, информира денеска СВР Тетово. Настанот се случил вчера во дворот од неговата куќа.

-Околу 11 часот и 30 минути, во СВР Тетово пријавено е дека тетовецот Ј.Р.(77) паднал во водоводна шахта во дворот од неговата куќа на улица „Коле Неделковски“ во Тетово и починал. Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле увид и при тоа не се констатирани траги на насилство, по што телото на Ј.Р. предадено му е на семејството, информира Марјан Јосифовски, портпарол на Секторот за внатрешни работи Тетово.

loading...