Актуелно
Почетна / Сцена / Сега им е доста! Кејт го тужи својот омилен весник во палатата

Сега им е доста! Кејт го тужи својот омилен весник во палатата

Кенсингтонската палата многу ретко реагира на разни написи и озборувања, но во последниве денови се крена прашина околу посебниот напис за војвотката Кејт објавен во магазинот „Татлер“.

Приказната заврши на насловната страница под наслов „Кетарина Велика“, во која меѓу другото, се пишува и за проблемите на Кејт Мидлтон и Меган Маркл, а проблемот е во тоа што се наведува дека војвотката е крајно исцрпена од сите обврски ѝ биле додадени по Мегзит, пренесува „Вечерњи“.

Само еден ден по објавувањето на написот, службата за односи со јавноста во Кенсингтонската палата реагираше и наведе во соопштението: „Оваа приказна содржи мноштво неточности и лажни погрешни претстави, кои не беа проверени во Кенсингтонската палата пред објавувањето“.

Веќе ова беше преседан на дворот затоа што кралското семејство инаку не реагира на таблоидите, разни озборувања и наводи што се објавуваат секојдневно.

Page Six сега пишува дека војводите од Кембриџ исто така поднеле тужба против списанието, инаку омилен весник во внатрешноста на палатата. Тие тврдат дека статијата е полна со сексистички изјави, дискриминација, неточни наводи.

На палатата ѝ пречеше и фактот што војвотката беше споредена со принцезата Дајана, која водеше битката со булимија, а сето тоа заради нејзината исклучително витка линија по раѓањето на третото дете, принцот Луис.

„Кенсингтонската палата знаеше дека пред неколку месеци почнавме да уредуваме издание со насловната приказна на „Кетарина Велика“. Ние дури и ги замоливме да работиме заедно на целата приказна. Фактот дека тие негираат дека некогаш знаеле нешто за тоа, е категорично е лажен“, изјави пред неколку дена главниот уредник на „Татлер“, Ричард Денен,

Новинарката Ана Пастернак, која е одговорна за написот, тврди дека приказната што таа ја има напишано е вистинита и дека нејзините извори се веродостојни.

loading...