СЕГА НАВИСТИНА Е КРАЈ? Роналдо го напушти тренингот на Јувентус! (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Деновиве многу се зборува за заминувањето на Кристијано Роналдо од Јувентус. Клубот го негира тоа, а тоа го направија особено одлучно кога Португалецот отсуствуваше од стартните 11 на натпреварот со Удинезе (2:2).

Спортскиот директор Павел Недвед ја наведе се уште нецелосната физичка состојба на Роналдо како единствена причина за таа одлука, донесена во соработка со играчот.

Се чини дека е точно бидејќи на денешниот тренинг, CR7 се повреди, само што тој започна.

Во придружба на клупскиот лекар, Португалецот го напушти тренингот порано поради болки во десната рака, а сега се чекаат првите информации за состојбата на легендарниот фудбалер.

Медиумите најмногу шпекулираа за заминувањето на Роналдо во Манчестер Сити, за што тој наводно е заинтересиран и самиот, иако е поранешен играч на Јунајтед.

Ќе дознаеме брзо колку вистина има во сето ова, бидејќи преодниот рок е при крај.

Слични содржини