Добар дел од провладините српските медиуми блиски до Вучиќ и во вчерашните написи  и насловни страниц нагазија диретно против Заев

Иако  во аферата „Рекет“ и новите објавени снимки од италијанскиот весник „Ла Верита“, сеуште го нема премиерот Зоран Заев директно со глас, тие продолжија со тактиката директно да го врзуваат токму Заев  со овој скандал. Впечаток е дека овие медиуми оркестрирано излегоа со сензационалистички наслови во кои јасно се препознава намерата да се дискредитира актуелната македонска Влада и премиерот Заев, и да се подготви терен за толкување на снимките ма Орце Камчев , или за тоа што следно ке се објавува за да веднач се поврзе премиерот со „Рекет“.

 

 Порталот „Пинк“, на пример, објави манипулативен и спинуван текст во кој уште во насловот пласира целосна невистина:

„ВЛАДАТА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ПАНИКА! НОВА СНИМКА која докажува поврзаност на Заев и Боки 13 во рекетирањето на македонскиот тајкун! (ВИДЕО)“

(VLADA SEVERNE MAKEDONIJE U PANICI! Objavljen NOVI SNIMAK koji dokazuje povezanost Zaeva i Bokija 13 u REKETIRANJU MAKEDONSKOG TAJKUNA! (VIDEO))

Наспроти ваквото тврдење ниту една од досега (09.08.2019) објавените снимки не говори за „поврзаност на Заев со Боки 13 и рекетирањето на бизнисменот Орце Камчев“. Заев воопшто и не г немеа во снимките, така што не е јасно за какви до

кази говори „Пинк“ (но и другите медиуми, „Информер“, на пример )

И не само во насловот, конструкција дека Заев е инволвиран во скандалот се прави и на самиот почеток на текстот. Се изнесува невистина дека: „италијанските медиуми продолжиле да ги разоткриваат валканите работи на Заев, кој се сомничи дека е вмешан во повеќемилионско рекетирање на познатиот бизнисмен Јордан Камчев, заедно водителот Бојан Јовановски, познат како Боки 13“.

Меѓутоа, во презентираните аудио снимки од „Ла Верита“, ниту еден од личностите чии гласови се слушаат не споменува дека се договриле со  Заев и дека тој ја знае „игранката“ на Боки и Камчев

Исто така, неточно е и тврдењето Заев се „сомничи за вмешаност во рекетирање“

Се исклучува во српските анализи дека токму Заев го пријави случајот „Рекет“ во Јавното обвинителство, а засега официјално под сомнение се само две лица – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец.

Невистини се пласираат и подолу во содржинскиот дел на текстот, во пасусот каде што се говори за „Меѓународниот сојуз “ на Боки 13.

Имено, неточно е тврдењето дека со него претседава пратеничката од СДСМ, Фросина Ременски и тоа може да се провери на веб-страницата на Меѓународниот сојуз. Ременски не е во ниту едно од телата на Сојузот, ниту пак, се споменува во актот за основање на здружението. А, дел од Меѓународниот сојуз не е ниту министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, како што тврди „Пинк .

Во очекување на ноби снимки на Орце КАмчев се очекува и замечателства на нови ликови каде што според подготовката од српските медиуми моќни се алузии и насочување на намера за инволвираност  на премиерот.