Сега знаеме како Меконахи изгуби 20 кг за улога

од Stefanija Kuzmanovska

Не е тајна дека актерот Метју Меконахи изгуби неверојатна тежина поради неговата улога во филмот „Dallas Buyers Club“ во 2013 година, што на крајот му донесе Оскар за најдобра главна машка улога. Сепак, она што е помалку познато е начинот на кој холивудскиот актер ослабе повеќе од 20 килограми.

Сите претпоставуваа дека Меконахи ја користи вообичаената формула – вежбање, строга диета и апстиненција од алкохол. Сепак, во подкастот „Искуството на Џо Роган“, актерот откри дека пиел алкохол колку што сакал за време на неговата диета.

„Кога решив да го сторам тоа, постапив мудро. Си дадов пет месеци да ослабам. За појадок имав пудинг од тапиока или нешто слично и белка од три јајца. Имав риба и зеленчук за ручек, како и вечера, и вино колку што сакав да пијам. Губев нешто повеќе од 1,1 килограм неделно без лудо да вежбам“, рече Меконахи.

На крајот тежел 61 килограм, но тврди дека не се измачувал за улогата, објаснувајќи дека му било најтешко да донесе одлука.

loading...

Слични содржини