Сегашниот министер во Сирија Абдул Јашари, полицијата го барала во скопски Аеродром поради поврзаност со масакрот кај Смиљковско Езеро

од Milan1
1,3K прегледи

Абдул Јашари е познат и како командант Абу Ал Албани,  роден во скопски Чаир од неодамна станал министер во новата сириска влада, формирана по падот на режимот на Башар Ал Асад.  Албани, истакнува дека прави се за Дамаск да го признае Косово, но дека ниту Приштина ниту Тирана не прават доволно за тоа.

„Истовремено, за среќа и за жал, има барање до новата сириска влада да ја признае независноста на Косово, но жално е што ова барање не го достигна соодветното ниво, бидејќи беше испратено од ниво на заменик-министер за локална самоуправа, колку што се сеќавам“, рече Албани пред само неколку дена.

Претходно во неколку изјави за медиумите истакна дека не жали што ги водел Албанците кои се бореле во Сирија и дека работи на тоа Сирија да го признае Косово.

Во интервју емитувано на 2 јануари, тој исто така рече дека неговите борци се подготвени доколку Србија го нападне Косово.

Истовремено, тој ги критикува властите во Приштина и Тирана дека не сакаат да го решат прашањето за оние Албанци кои се уште се во Сирија.

„За жал, Албанија и Косово трчаат да помогнат и да ги засолнат Авганистанците и Иранците кои се предавници на нивната држава и народ, како и да им дадат државјанства, а зад себе ја оставаат сопствената крв и Албанците без државјанство кои избегаа од српскиот масакр. „На крајот, истата влада и партија ни продаваат интелигенција и патриотизам за Албанците“, рече Албани по посетата на еден од нив.

Абу Катада Албани е роден во Скопје на 25 септември 1976 година, под името Абдул Јашари. Тој тврди дека бил на боиштата на Блискиот Исток, главно Сирија, во последните 12 години.

Единицата „Џамати Албан“, вели тој, е основана во 2012 година и била активна во сите поголеми битки во северозападна Сирија.

„Албанските борци одиграа важна улога, не само на теренот, туку и во планирањето и координацијата на операциите“, рече тој.

Албани бил и дел од истрагата за масакрот кај Смилковско Езеро на Велики четврток во 2012-та, кога беа ликвидирани четворица тинејџери и еден жител на Смилковци. За време на истрагата, загрозениот сведок „Е1“ сведочел дека, освен неколкумина од обвинетите, кај Смиљковско Езеро го видел и Јашари, сега Албани.

Полицијата и адвокатите од одбраната никогаш не го нашле на адресата во скопски Аеродром, ниту во Чаир каде е роден. По смилковскиот масакр, Јашари исчезнува од Македонија и подоцна е утврдено дека станал дел од радикалните структури во Сирија.

Во летото 2018 година, оваа група објави видео со наслов „Албански снајперисти од Сирија“ во кое припадници на единицата која ја раководи зборуваат за нивното учество на сириското бојно поле.

33-минутното видео набрзо беше отстрането од интернет, а по овие информации, „France Soir“ објави поширока приказна за единицата.

Според овој весник, тие им се придружиле на џихадистите во едно од најсилните упоришта на исламистите во Идлиб.

Тогаш беше откриено дека тие се бореле во Сирија како дел од џихадистичката група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС).

Според истиот извор, Абу Катада Албани набрзо станал лидер на Фронтот Ал Нусра, поради што во 2016 година бил на црната листа на американското Министерство за финансии и обвинет за тероризам.

Француските медиуми тврдат дека оваа единица во тоа време имала околу стотина припадници, а најголем број имало во март 2015 година, кога групата имала околу 500 борци, главно од Косово и од Северна Македонија.

Одлучувачки момент за албанскиот џихадистички одред беше 22 февруари 2019 година, кога неколку муџахедински единици и воени единици кои дејствуваат во Сирија издадоа заедничка декларација „Поддршка и лојалност на Тахрир-Шам“.

На четвртото место на листата од осум исламистички фракции се најде „Албанскиот баталјон“ со потпис на самиот Абу Катада Ал Бани, кој се потпиша како „директор на воената академија Тахрир ал Шам“.

Според РСЕ, Хајат Тахрир ал Шам е исламистичка милитантна група чии членови се претежно салафисти, ултрарадикална секта во сунитскиот ислам. ХТС се обидува да формира држава во Сирија според исламскиот закон.

Групата се појави во 2012 година, една година по избувнувањето на граѓанската војна во Сирија. На почетокот тие беа наречени Џабхат ал Нусра, или Фронт Нусра.

Слични содржини