Сеизмолозите предупредуваат: На Балканот започна циклус на засилени земјотреси

од Берта Китинска

По серијата земјотреси во Хрватска, сеизмолозите предупредуваат дека на Балканот започна циклус на засилени сеизмолошки активности

Силниот земјотрес што ја погоди Хрватска вчера се почувствува и во Србија, БиХ, Црна Гора, Македонија, како и во околните земји. Ова е најголемиот, но само еден во низата земјотреси регистрирани во регионот во изминатиот месец.

Граѓаните од сите делови на Србија вчера почувствуваа како се тресе земјата. Многумина забележаа дека нивниот мебел се движи низ куќата. Снимки од украси на елки кои се нишаат масовно се споделуваа на социјалните мрежи.

Се тресеше сериозно

Во Лазаревац, според локалните медиуми, станарите од зградата на улицата Каражорчева излегле надвор со своите деца затоа што зградата сериозно се тресела.

Силен земјотрес се почувствува во делови на Црна Гора. Земјотрес со јачина од 3,1 степени е регистриран во Северна Македонија во 12,34 часот, недалеку од Штип, а во Република Српска наставата е прекината во сите училишта, а градинките се затворени. Сеизмологот Славица Радовановиќ вели дека земјотресот во Хрватска е уште еден доказ дека започнал циклусот на силни земјотреси на Балканот.

– Треба долго време да се обнови толку силен земјотрес во истиот регион, на пример, Загреб-Петриња. Но, има и други области на Балканскиот полуостров каде немало силни земјотреси многу долго време, а сеизмичката активност пораснала малку – предупредува Радовановиќ за Телеграф.рс и додава дека е тешко да се каже за кое друго жариште ќе станува збор.

– Постојат области во Македонија, Бугарија, Романија, па дури и во источна Србија каде што можат да се случат силни земјотреси, а тоа не се случило многу години – наведува Радовановиќ и додава дека Краjeево и Мионица не се максималните српски земјотреси:

– Нашите најсилни земјотреси се како Рудник, Свилајнац и Лазаревац.

Слични содржини