Сејдини до Мојсоски: АМС врши притисок врз клубовите, за лагите во соопштението се одговара

од Nikola Popovski

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини на денешната прес-конференција истакна дека вчерашното соопштение на Агенцијата за млади и спорт во кое информира дека согласно одлуката на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочна постапка, Решението за усогласување на Статутот на Фудбалската федерација на Македонија со Законот за спорт е правосилно и извршно, и ФФМ мора да го усогласи актуелниот Статут којшто е спротивен на Законот за спорт и со позитивното право, е една голема невистина.

Тој го нападна првиот човек на АМС, Наумче Мојсовски за притисоци врз клубовите за неодржување на редовното собрание на ФФМ, како и за изнесување невистини во нивната вчерашна објава.

„Најмалку што сакавме во едно вакво време, во денови кога се слави македонскиот фудбал и нашите резултати е да зборуваме за работи кои не се поврзани со играта, лигата или репрезентациите, но некогаш едноставно – немате избор. Сакаме сега со факти и одлука на хартија да им покажеме и потврдиме колку не знаат и колку не се срамат што не знаат. За тоа, драг Наумче Мојсовски, директор на Агенцијата за млади и спорт – се одговара“, истакна Сејдини и дополни:

„Сега доаѓаме до моментот од кој треба да се срамиме ние од начинот на кој постапуваат државните институции, во овој случај највисокото државно спортско тело. Вистина е дека решението на Второстепената комисија е конечно и против него нема право на жалба, но има право на тужба. ФФМ согласно законите поднесе тужба со која поведе управен спор против Државната комисија за одлучување во втор степен поради тоа Решение.

Бидејќи овој „сакам кажам, не знам речам“ начин на комуникација е нивен избр, а ние на сила сме принудени да се браниме од тоа што не е вистина, тука пред вас и целата јавност ја објавувам пресудата од тужбата против поништеното Решение кое АМС најави дека ќе го спроведува. Пресудата вели дека тужбата на тужителот: ФФМ се УВАЖува. Решението се поништува.

За ова НаумчеМојсовски, директор на АМС, треба да знаеш дека се одговара. За ваквиот начин за постапување се известени и УЕФА и ФИФА кои го следат случајот.  Недај Боже, никој од нас не посакува, но чувствувам обврска да соопштам дека ваквото однесување може да донесе квантен скок во македонскиот фудбал и нашите селекции, но наназа. Причината за тоа нема да биде ФФМ или јас како претседател, туку срамното однесување на поединци и институции со цел да се стави рака врз ФФМ“, гласеше излагањето на првиот човек на ФФМ, Мухамед Сејдини.

Слични содржини