Секирарски: Засилениот ветер ќе влијае и на интензитетот на пожарите

од desk4

Дежурниот синоптичар во УХМР Борис Секирарски за „Локално“ вели, дека засилениот ветер ќе влијае и на интензитетот на пожарите. Ветерот почна да дува од пладневните часови, најпрвин засили на поголемите надморски височини. Ветерот со засилено темпо ќе продолжи да се движи по должината на Повардарието и ќе биде од северен правец.

– Попладнево најсилен ветер е забележан во Крива Паланка и тоа во 16 часот неговата брзина изнесуваше 16 метри во секунда. Овој засилен ветер ќе биде претежно југозападен и ќе продолжи да дува на повеќе места до крајот на денот. Во првиот дел од ноќта ветерот малку ќе намали со својот интензитет, рече Секирарски.

Според Секирарски појава на повремен пороен дожд со грмежи и локално засилување на ветерот ќе има во вечерните часови и тоа најпрвин на северозападот (Шар Планина), а потоа и на североистокот (Крива Паланка).

-Наместа врнежи ќе има и во текот на ноќта а исто така и утре во претпладневните часови ќе има наместа зголемена облачност и услови за краткотрајно повторно поинтензивно заврнување, особено во планинските региони.

Секирарски вели дека од сабота следува период на стабилно време претежно сончево, и по малото освежување кое ќе го почувствуваме во овие два дена температурите повторно ќе се покачат.

Според метеорологот Секирарски дека за овој дел од годината ваквите температури се натпросечни но се случували и во изминатите години. За утре се предвидува пониски температури од денешната 40 степени Целзиусови за три степени, а задутере тепмерпатурата ќе се спушти за пет степени.

Б.Т.

Слични содржини