Секојдневни навики кои можат да предизвикаат хемороиди

од Nikola Popovski

До 50-тата година половина од населението наидува на хемороиди, а чешањето е еден од симптомите на овој проблем.

Хемороидите се поврзани со хроничен запек, чести движења на дебелото црево или предолго седење во тоалет, што може да предизвика акумулација на крв во садовите на ректумот и да предизвика појава на хемороиди.

Тие се чести кај сите возрасни групи и ги зафаќаат двата пола. Некои од симптомите се чешање, болка, непријатност, нарушувања на дебелото црево и крварење.

Подигнување тешки тежини, конзумирање на храна која содржи малку влакна, јадење топла и зачинета храна, дебелина, долго седење и напрегање при движење на дебелото црево се некои од навиките кои предизвикуваат хемороиди.

Исхраната игра важна улога во третманот. Неопходно е да се јаде храна богата со растителни влакна, зелено овошје и зеленчук и да се пие вода. Важно е да се намали внесот на масна и пржена храна, како и кафе, што може да ја забави работата на цревата и да доведе до влошување на хемороидите.

Ако состојбата се влоши и не успеете да направите ништо со промена на исхраната и домашните лекови, контактирајте го вашиот лекар за помош, пишува хрватски „Индекс“.

Слични содржини