Секој час по 50 примероци од Tesla Model 3

од desk2

Работите во Тesla конечно се одвиваат според планот. За три месеци се произведоа над 50.000 примероци од Tesla Model 3, а Илон Маск веќе го најавува следниот голем чекор. Неделната продукција од крајот на ноември се зголемува на 7.000 примероци

Повторно пристигаат убави вести од Tesla. Во третото тромесечје, калифорнискиот производител на електрични автомобили конечно постигна заработка, добро се одвива производството на Model 3, а во меѓувреме и берзанските инспектори ја прекинаа истрагата во компанијата. Илон Маск веќе го најавува следниот голем чекор. Почнувајќи од 28-ми ноември, неделната продукција ќе се зголеми на 7.000 возила.

Пионерот на електричниот погон долго време се соочуваше со проблеми околу постигнувањето на планираната неделна продукција од 5.000 примероци. Од крајот на ноември, во фабриката во Фремонт ќе се произведуваат по 50 примироци од Tesla Model 3 на час.

Европа ќе ги добие првите примероци од Tesla Model 3 напролет
Вкупната продукција од трите модели на Tesla во периодот меѓу јули и септември достигна околу 80.000 приомероци. Од таа продукција, на „евтиниот“ модел од средната класа отпаѓаат околу 53.000 примероци. Model 3 има пресудна важност за иднината на компанијата, затоа што Tesla со него преоѓа во големосериските производители на автомобили.

Пред извесно време повторно имаше проблеми со логистиката и со производството, поради што Tesla не можеше да ја достигне планираната продукција од 6.000 примероци неделно. Во нему својствен манир, Илон Маск се јави на твитер, соопштувајќи дека се обезбедени дополнителни производтвени капацитети, кои ќе помогнат до крајот на годинава да се испорачаат колку е можно повеќе примероци од возилото.

Според Маск, возилата нарачани до 30-ти ноември, ќе бидат испорачани најдоцна до 31-ви декември. Времето притиска, затоа што даночните олеснувања во целосната висина од 7.500 долари за купување електричен автомобил во САД ќе важат само до крајот на годинава.

Во меѓувреме, Tesla ги доби првите нарачки од Кина. Испораката на овие возила би требало да се случи најдоцна до април. Поради високите увозни царини, автомобилите на Tesla се многу поскапи од конкурентските модели, коишто се произведуваат локално. Американскиот производител веќе има конкретни планови за фабрика во близина на Шангај.

Слични содржини