Секој трет Германец смета дека Меркел треба да се извини за енергетската криза

од Stefanija Kuzmanovska

Секој трет Германец смета дека поранешната канцеларка Ангела Меркел треба да се извини за енергетската криза, покажува истражувањето на јавното мислење.

За многу Германци, Меркел ја сноси одговорноста за енергетската криза во Германија и Европа.

Така, 32 отсто сметаат дека Меркел треба да се извини за погрешната енергетска политика поради зависноста од рускиот гас, покажува истражувањето на институтот „ИНСА“.

Најголемо незадоволство има кај приврзаниците на десничарската „Алтернатива за Германија“ (АфД) со 52 отсто и Зелените (34 отсто).

Од друга страна, 38 отсто од Германците велат дека Меркел не мора да се извинува.

Слични содржини