Секој трет Германец верува дека властите ја преувеличуваат корона кризата

од Vladimir Zorba

Германците се горди на тоа како нивнат земја се справува со пандемијата, но секој трет Германец мисли дека владата ја преувеличува кризата.

Организацијата More in Common направи анализа на шест социјални типови кај населението, со различни вредности и уверувања, кои на различен начин ја преживеаја пандемијата.

Според нивното однесување, тие се: отворени, етаблирани, прагматични, инволвирани, разочарани и оние кои се налутени.

“Луѓето во Германија на различен начин ја доживуваат корона кризата. Не може да се зборува за сеопфатно меѓучовечко искуство“, вели Лаура Кристина Краус од огранизацијата More in Common за своето најново истражување што го опфати мислењето на 2.000 лица.

Слични содржини