Секој знак од зодијакот има две лица: Лавовите се лидери и шармантни, но не се тимски играчи

од Берта Китинска

Секој знак од Зодијакот има своја добра и своја, а не толку светла страна. Во основа, сите се трудиме да го покажеме најдоброто пред луѓето, а лошите особини ги криеме како „змија нозе“.

Овен
Овој знак го карактеризира висока енергија, страст, мотивација и амбиција. Тој ја загрева секоја просторија со својата самодоверба, храброст и силна волја. Од друга страна пак, многу лесно може да стане нервозен, агресивен и непријатен. Исто така има и потешкотии кога ги слуша луѓето и се лути ако нештата не се по негово.

Бик
Бикот има тенденција да биде стабилен, посветен на партнерот и верен. Но, од друга страна пак, тој може да биде и многу тврдоглав и има тенденција да стане посесивен во врската.

Близнаци
Нивното име веднаш укажува на постоењето две страни од личноста. Од една страна, Близнаците се пријателски настроени и отворени. Тие имаат авантуристички дух и не дозволуваат ништо да им го наруши расположението. Од друга страна пак, понекогаш се површни и импулсивни кога станува збор за донесувањето одлуки. Исто така покажуваат тенденција и за анксиозност и депресија.

Рак
Ракот е прекрасен, секогаш грижлив, посветен и лојален. Тој е неверојатен слушател, чувствителен и љубезен. Но, неговата преголема чувствителност понекогаш му носи и проблеми. Поточно, Ракот е посклон на депресија, анксиозност и психолошки нарушувања. Често погрешно е сфатен и се карактеризира како личност која е насочена само кон себе. Ова води кон негово изолирање и самосожалување.

Лав
Лавот е роден лидер со друштвени, шармантни и забавни карактеристики. Но, истовремено и не е тимски играч, па може да биде претенциозен и претерано драматичен. Да не заборавиме и на фактот што премногу се фали.

Девица
Личноста родена во знакот Девица е целосно насочена кон деталите, и е вистински екстремист кога станува збор за методи, логика и аналитика. Таа има неверојатно трпелив карактер и секогаш наоѓа решенија за проблемите. Но, нејзината склоност кон претерана анализа и пресериозно сфаќање на нештата ја прави нефлексибилна и крута, понекогаш дури и ладна и непријатна.

Вага
Вагата е љубезна личност што ги почитува луѓето и што сака да им помага на сите. Таа има тенденција и да ја држи рамнотежата околу себе. Сепак, оваа склоност кон одржување рамнотежа не секогаш е практчна, како и нејзината мирна природа што ја прави неодлучна и неспособна да им се спротивстави на другите.

Скорпија
Нејзината најдобра карактеристика е неодоливоста што другите ја чувствуваат во нејзина близина. Таа е духовита и поседува саркастична смисла за хумор. Скорпијата е страсна, организирана, независна и снаодлива. Но, исто така има и лоши страни. Таа понекогаш знае да биде многу манипулативна и склона на одмазда ако некој ѝ згреши.

Стрелец
Неговиот интензитет е привлечен за сите околу него. Стрелецот е безгрижен, забавен и со силен авантуристички дух. Но, тој исто така има и огнен карактер, што го прави многу непредвидлив.

Јарец
Поттикнат од богатството и успехот, Јарецот е највредниот работник од сите хороскопски знаци. Тој е многу интелигентен, со силни логички и практични вештини. Најважното нешто на светот му е неговата работа, па затоа и лесно може да стане зависник од работата. Поради големата гордост, понекогаш му недостасува трпение да ги сослуша идеите на другите. Исто така, има тенденција да биде тврдоглав, бескомпромисен и со лош темперамент.

Водолија
Водолијата е интересна поради својата љубов кон патувањето, истражувањето нови култури и запознавањето луѓе. Таа има различни интереси, и ужива во животот и предизвиците. Но, кога станува збор за соочување со проблемите во односите, нејзиниот интровертен карактер и емоционалната недостапност може да ѝ направат дополнителни тешкотии.

Риби
Рибите се најкреативниот знак, длабоко емоционални и чувствителни. Но, тие исто така имаат тенденција и да бидат самотници, како и да се изгубат во светот на своите фантазии бидејќи им е тешко да останат во допир со реалноста.

Слични содржини