Секс-скандал ја тресе Франција: Макрон остана без кандидат за градоначалник на Париз

од Nikola Popovski

Поранешниот портпарол на француската влада, Бенџамен Гриво, изненадувачки се повлече од трката за градоначалник на Париз, откако протече компромитирано видео од сексуални содржини.

По повлекувањето на Гриво, партијата на францускиот претседател Емануел Макрон остана без кандидат за градоначалник на локалните избори следниот месец, пренесува АП.

Гриво го објави своето повлекување од трката утрово, велејќи дека тој е мета на „злобни напади“ на Интернет и социјалните мрежи.

„Моето семејство не го заслужува тоа. Никој не смее да биде цел на таква злоупотреба“, рече Гриво.

„Гардијан“ објаснува дека во средата еден веб-сајт објавил видео-снимка со пораки, испратени до една жена, наводно од Гриво.

Видеото потоа се рашири на социјалните медиуми.

Слични содржини