Џакузи, топла када, партнер за друштво. Како да не се возбудите од оваа ситуација! Сексот во топлата када или џакузито може и да е примамливо искуство за многу баратели на нестандардни чувства, но тој носи многу ризици по здравјето.e17f0fba2a6575f8dd47f025fa8acad9

Зошто треба да се размисли повторно, ако планирате да имате секс во топлата када?

Гнојни инфекции на уринарниот тракт
Во водата се содржат многу различни хемиски материи. Кога таа е жешка нивните својства се засилуваат и штетните влијанија го напаѓаат организмот. Хлорот се додава на водата во водоводот, за да ги убива патогените бактерии. Заедно со нив сепак ги убива и бактериите на вагиналната флора.
Бидејќи органите на половиот и уринарниот систем се во исклучителна близина, и двата системи можат да настрадаат од различни инфекции.

Сексуално преносливи болести
Ако имате секс во кадата или џакузито треба да се има предвид дека таму веројатноста да се заразите со сексуално преносливи болести е поголема. Водата го олеснува движењето на микроорганизмите. Значи без разлика дали партнерот е со кондом, вие не сте заштитени.

Несакана бременост
И како што рековме покрај кондомот во кадата треба да додадеме дека ризикот од несакана бременост исто така се зголемува. Носењето на кондом под вода ја уништува неговата функција, бидејќи водата го прави лесен за лизгање и губење на маслата, со кои е обработен.482695067d62c326aac9ee318799f322

Осип
Сексот под вода во комбинација со хемикалиите во водата и хемикалиите за кадата, кои вие сте ги додале, ја прави кожата и слузокожата на гениталиите, особено женските, поомекната и подложна на иритации.

Често после секс во кадата се појавуваат црвенила, осип, оток, слични на меурчиња кои исчезнуваат во рок од неколку дена.

Целокупна непријатност
Водата ги растрвора природните вагинални секрети, а истовремено со тоа не го прави половиот акт попријатен. Можат да се појават болки, иритација, чувство на сувост при половиот акт.

Значи, следниот пат кога топлата када или џакузито ви се сторат примамливо место за секс, размислете повторно!
Слики: istock

Слични содржини