СЕКСОТ Е НАЈДОБАР после 40-тите години: Експертка за врски открива зошто!

од Nikola Popovski

Шејн Вотсон, експертка за односи и автор на книгата „Како да запознаете човек после наполнети четириесет години“, која и сама се омажила по четириесет години, изјавува дека сексот станува подобар со возраста, а еве и зошто:

Срамежливоста повеќе не постои

По 40 години, жените обично доаѓаат до поентата веднаш, бидејќи пречките во форма на срамежливост или недостаток на искуство повеќе не постојат.

Го кажуваат тоа што го мислат

Изјавите како „Денес сум премногу уморена, можеме ли да го одложиме тоа за утре?“, се сосема природни за зрелите жени, кои не се плашат од погрешни реакции на мажите.

Тие се смеат во непријатни ситуации

Кога добиваат грч, или зафаќаат смешна поза, жените постари од 40 години немаат проблем да се шегуваат на своја сметка, бидејќи нивото на самодоверба сега им е стабилно.

Повеќе се присебни

Со возраста, доаѓа одредена доза на присебност и смиреност, што остава впечаток на жена која знае што сака и каква е нејзината улога во животот, а тоа е многу привлечно за мажите.

Тие се поотворени

Кога ќе достигнат одредена возраст, жените повеќе немаат причина да се двоумат околу темите поврзани со сексот.

Тие прават вистински избор

Искусна жена знае како да го избере вистинскиот партнер – оној со кого ќе биде компатибилна и емоционално и сексуално, а со тоа се намалуваат шансите нешто да тргне наопаку во кревет.

Тие се свесни за своите квалитети

Жената по четириесет години точно знае кои се нејзините квалитети и кои се нејзините маани, свесна е за својот изглед и зрачи со сигурна доза на сексапил, за разлика од младите девојки кои можат да страдаат од бројни несигурности предизвикани од незадоволство од сопственото тело .

Слични содржини