Сексуални фантазии за кои жените молчат

од desk2

 

Не е тајна дека жените главно не сакаат да зборуваат за своите сексуални фантазии, како и дека често не ги делат со партнерот. Тоа го потврди и онлајн анкетата во која жените открија кои се омилените сексуални фантазии, но дека им е срам да ги кажат, пишува хрватскиот портал „Задоволна“.

Секс пред огледало
Нема човек кој барем еднаш во животот не се запрашал како изгледа додека води љубов. Затоа идејата за секс пред огледало многу е примамлива.Поглед на партнерот е возбудлив, а уште повозбудлив е погледот на страственото заедништво. Затоа опуштете се и исполнете сија оваа фантазија.

Улога на домина
Митот за тоа дека жените преферираат пасивност во интимните моменти треба да биде заборавен. Припадничките на поубавиот пол сакаат да доминираат во креветот, да преземат иницијатива и да го контролираат партнерот. Во таа фантазија спаѓа и исполнувањето на сите желби кои дамата ги има во моментот.

Секс со врзани очи

Ако очите ви се врзани се спречува предвидливоста во интимните моменти. Кога не гледате и не знаете на кој дел од телото ќе почувствувате бакнеж или допир од партнерот, нагласено е чувството на исчекување и поголемо е задоволството.

Слични содржини