Секуловски: Проблемот на владата е кога сака да биде транспарентна и снима интервјуа и емисии

од Берта Китинска

Проблемот на новинарите е владата кога сака да биде транспарентна кога снима интервјуа и емисиите. Еден таков пример е интервјуто во април месец каде во студио министрите одговараа на прашања, вели  Драган Секуловски директор на ЗНМ.

-Мене лично последниот план ми прави  конфузија „план за одлучна акција против ширење дезинформации и против напади врз демократијата“ пред се ја гледам глупост на насловот и било кој да го прочита самиот наслов не би посакал да го отвори текстот, изјави Секуловски.

На оваа изјава , Марјан Забрчанец му постави директно прашање дали содржината е глупава на овој план, на што Секуловски забележи дека и во самиот текст има глупости.

Воедно тој додаде дека степенот на критиката упатена кон владата треба да биде на повисоко ниво.

Слични содржини