Села: Би бил среќен ако партиските структури побараат моја оставка како претседател на партијата

од Берта Китинска

Претседателот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, во емисијата „Патот кон…“ на ТВ Алсат, која ќе се емитува вечерва, одговори на прашањето дали му барале оставка во партијата.

Досега не му побарале, истакна Села.

„Обично политичар треба да поднесе оставка во моментот кога ќе има нешто во власта и ќе ја загуби власта. Влегуваме во тотален хаос како општество воопшто. Би бил среќен ако партиските структури побараат моја оставка како претседател на партијата. Досега не ја побарале. Изборите сè уште траат, а тука е и Дебар“, изјави Села.

Слични содржини