Села го обвини Мерко: Се градат пет викендички во кампот Ливадиште на земјиште на ЕСМ

од Nikola Popovski

Лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села предупредува за исклучително алармантна бетонизација на брегот Охридското Езеро. Тој го обвини струшкиот градоначалник Рамиз Мерко и неговите роднини.

-Граѓаните известуваат за пет викендички кои најверојатно ќе ги градат градоначалникот и неговите роднини во кампот Ливадиште, на земјиште во сопственост на Eлектрани на Македонија (ЕСМ). Заменик директорот на ЕСМ е од редовите на ДУИ. Овој нов урбан и еколошки криминал доаѓа само неколку недели откако нивната партија го објави своето ребрендирање како зелена партија, објави Села на својот Фејсбук профил.

Според него, овој нов криминал во урбанизмот и животната средина се случува само после една недела откако нивната партија го објави своето ребрендирање во зелена партија.

-Ја повикуваме јавно Владата на С Македонија веднаш да ја запре оваа нелегална градба, додека, инспекторатот и обвинителството да обезбедат преземање на соодветни мерки против нарачателите, велат Села во својата објава.

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко во неодамнешното гостување на телевизија изјави дека во неговата општина нема ниту една дивоградба.

Слични содржини