Села не исклучува постизборна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Не сме против идејата Албанец да биде премиер како што не сме против да биде и од друга етничка заедница. Најважно е тој премиер да биде квалитетен и без етнички предзнак вели лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села во интервју за РСЕ.

Тој е убеден во победа на неговата коалиција на следните избори истакнувајќи дека е време за демократија и промени.

Лидерот на албанската опозиција не ја исклучува можноста за постизборна коалиција со СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, но само доколку ја прифатат програмата на Коалицијата на Алијансата и Алтернатива.

Слични содржини