Села: Никогаш не сум имал контакти со лидерот на Левица

од Берта Китинска

Ставовите на партијата Левица речиси никогаш не се совпаѓале со ставовите на албанските партии, преседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села вели  дека никогаш не седнал на маса и немал контакти со Левица.

Јас ве прашувам што претставува Левица, се согласувате ли со нив? Го праша новинарот лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села на што тој одговори:

-Воопшто не се согласувам.

Значи не се согласувате со тоа што го застапуваат:

-Јас што кажувам.

Тоа беше прашањето г. Села.

-Воопшто не се согласувам. Јас не се согласувам со нив, но доколку мене ме прашате…

Но не кажувате дали имате нешто против или не.

-Кажав бре, не се ни дискутира такво нешто, јас кажав дека воопшто не се согласувам со тоа, ниту се дискутира за тоа, рече Села во дебатната емисија на ТВ 21.

Села додаде дека никогаш не седнал на маса и немал контакти со Левица.

– Јас никогаш не сум имал контакти со лидерот на Левица, или да седнам и да разговарам на некоја тема. Со Мицкоски контактитеи што ги имама беа јавни. И кога прогласивме соработка, но и во текот на кампањата имавме средба, рече Села.

Слични содржини