Села поради болки во градите хоспитализиран на Клиниката за кардиологија

од Берта Китинска

Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села поради болки во градите е хоспитализиран на Универзитетската клиника за кардиологија во Скопје, преку Фејсбук соопштија портпарол на партијата Флакрон Беџети и градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

-Во текот на вчерашниот ден, лидерот на нашата партија, г-дин Зиадин Села, имаше болки во градите што беа причина да биде примен во Универзитетската клиника за кардиологија во Скопје. По прегледите, се востановило дека е во добра здравствена состојба и во стабилна состојба. Претседателот Села ќе се врати дома во текот на денешниот ден или утре и ќе продолжи со редовните секојдневни активности, напишаа Беџети и Таравари.

Слични содржини