Села: Премиерот беше спремен да одиме одма на избори, на 22 или 29 декември

од Vladimir Zorba

Како партија баравме предвремени избори одма после референдумот. Не мора да продолжат да блефираат како на лидерската. Премиерот беше спремен одма да одиме на избори, на 22 или 29 декември, а јас бев спремен да го прифатам тоа. После тоа, господинот Али Ахмети побара поради НАТО да одиме на избори на крајот на март, а тоа беше пред да се договориме. 12 април е договорен датум, а тврдењата на власта дека ќе се случи ова или она е обид да се избега од избори, рече лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села во интервју на Канал 5 Телевизија.

„Заев и Ахмети функционираат како да не се коалициони партнери на власт. Ние го приметивме тоа, но нивно право е да тактизираат. Многу лесно може за месец ипол, новиот состав на парламентот да го ратификува членството на Македонија во НАТО. Шпанија се во избори, некаде во декември ќе имаат влада и мислам дека до јануари ќе бидеме готови за ратификација на влезот во НАТО“, рече Села.

Тој додаде дека ако не била помошта од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не би победувала во албанскиот блок.

„Кога 18 години имаш една партија на власт во албанското општество, тоа значи монизам. Поголемиот дел од општеството не се чувствува претставуван во Владата на Северна Македонија во овие 18 години. Ние сме спремни како поголема опозициона политичка партија да ги направиме компромисите во име на демократијата кај албанското општество“, рече Села.

 

 

Слични содржини