Селаковиќ: Албанците подготвуваат пекол на Косово, Вучиќ на средба со косовските Срби

од Берта Китинска

Министерот за надворешни работи и функционер на СНС изјави дека Албанците подготвуваат „пекол“ за Косово и Метохија и дека денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утревечер ќе се сретне со претставниците на Србите од Косово и Метохија и ќе и се обрати на јавноста.

„Ситуацијата е исклучително тешка и комплицирана со оглед на меѓународните и регионални околности. Вучиќ секогаш успеваше да најде пат во таквите случаи“, рече Селаковиќ по седницата на Претседателството на СНС, наведувајќи дека Вучиќ утре ќе ја извести јавноста за содржината на разговорите.

Селаковиќ потсети дека утре вечер на сила стапува „едностраната одлука на Албин Куртин (за пререгистрација на возилата), а таквите постапки никогаш не ни донесоа ништо добро“.

Слични содржини