Селена Гомез повторно стана кралица на Инстаграм: Ги престигна сестрите Кардашијан како најследена жена во светот

од Radmila Tasevska

Селена Гомез ја надмина Кајли Џенер и сега повторно е најследената жена на Инстаграм.

Селена Гомез моментално ја следат повеќе од 380 милиони луѓе на Инстаграм.

Таа во 2016 година беше најследената жена на оваа социјална мрежа, а своевремено имаше и слика со најмногу лајкови на Инстаграм.

Кајли Џенер, која ја следат само неколку стотици илјади луѓе помалку, до вчера беше најследената жена на оваа социјална мрежа.

На прво место меѓу сите најследени профили е самиот Инстаграм, кој го следат 607 милиони луѓе.

Слични содржини