„Селфи“ ќе ја чинеше живот: Туристка од Англија паднала од 8 метри висина во Бар

од Берта Китинска

Туристка од Англија е тешко повредена откако паднала од осум метри висина додека правела селфи во туристичкото место Бар, во Црна Гора.

Несреќата се случила на Паштровачка гора, на кривината од Вирпазар кон Петровац, јавува порталот „Новости“.

Повредената жена од провалија ја извадиле припадници на Службата за заштита и спасување од Бар. Службата за заштита и спасување соопшти дека жената имала среќа, со оглед дека теренот бил карпест и стрмен, а таа паднала од висина од околу осум метри.

На жената и била укажана итна медицинска помош на лице место, по што била пренесена во Клиничкиот центар на Црна Гора.

Не е познато колку тешко е повредена Англичанката.

Слични содржини