Селин Дион откри дека боледува од синдром на вкочанета личност, ја одложи турнејата (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Пејачката Селин Дион открила дека боледува од синдром на вкочанетост и ја одложила својата турнеја.

Синдромот на вкочанета личност е ретко автоимуно нарушување на движењето кое влијае на централниот нервен систем (мозокот и ‘рбетниот мозок).

„Долго време се соочувам со здравствени проблеми и ми беше навистина тешко да се изборам со овие предизвици и да зборувам за сè низ што поминав. Со тага ве информирам дека не сум подготвена да одам на турнеја во февруари“, рекла таа во видео на својот инстаграм профил.

Таа додала дека неодамна ѝ бил дијагностициран синдром на вкочанета личност, кој погодува приближно еден од милион луѓе.

„Сè уште учиме за оваа ретка медицинска состојба. Сега знаеме дека овој синдром ми предизвика грчеви. Тие влијаат на секој аспект од мојот живот. Имам тешкотии во движењето и не можам да ги користам гласните жици за да пеам како порано”, вели таа.

Рекла и дека има одличен тим лекари кои и помагаат да закрепне. Секако, со неа се и нејзините деца и другите членови на семејството.

Слични содржини