Селма Хајек во жешко издание: Изведе СЕНЗУАЛЕН ТАНЦ со познат актер (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката Селма Хајек на својот Инстаграм профил објави трејлер за нејзиниот нов филм „Magic Mike’s Last Dance“  во кој глуми со нејзиниот колега Ченинг Тејтум.

Видеото за споменатиот филм предизвика хаос на мрежите, бидејќи Хајек никогаш не сме ја виделе во посензуално издание, а танцот кој го изведува со Тејтум веќе ни дава показател дека ова ќе биде вистински филмски хит.

Танцот на популарните актери крена голема прашина, а коментарите само што почнаа да се слеваат.

„Каква жена“, „Едвај чекам да го гледам филмот“, се дел од коментарите.

Премиерата на филмот „Magic Mike’s Last Dance“ се очекува во февруари 2023 година.

Слични содржини