Селма Хајек ја откри вистината за своите гради

од Stefanija Kuzmanovska

Познатата американско-мексиканска актерка Селма Хајек важи за една од најубавите жени во светот, па дури и во шестата деценија остава без здив со својот изглед и бујното деколте, на што е многу горда.

Инаку, Селма во претходните години тврдеше дека нејзините гради се дар директно од Господ.

Мексиканската актерка за медиумите изјави дека порано, кога била помлада, имала мали гради, па редовно се молела на Бога за поголеми гради.

– Мајка ми и јас застанавме во црква за време на едно патување кога бевме во Мексико. Кога влеговме во црквата, се молев за чудо што очајно сакав да се случи. Ги ставив рацете во светата вода, потоа на градите и реков: „Те молам Боже, дај ми гради“ – раскажала Селма.

Само неколку месеци подоцна, на Селма, наводно, започнале да ѝ растат градите на кои денес им завидуваат жените ширум светот.

Слични содржини