Македонската медиумска асоцијација тврди дека податоците од анализата на ЗНМ за јавните пари во медиуми се неточни.Според нив, сумите што нејзините членки ги добивале од владата за објавување на владини реклами се многу помали.

Naser-Selmani-540x288

За да нема дилеми во јавноста, ги молиме приватните национални телевизии да ги објават точните суми на јавни пари што ги добивале за објавување на кампањи и огласи. Ако е вистина дека сумите за владини реклами се помали тогаш тоа значи дека овие телевизии имаат дадено попусти за објавување на владините реклами. Во интерес на објективното информирање на јавноста овие телевизии треба да објават колку попуст давале на владата за објавување на овие медиумски кампањи и огласи и зошто. Кога телевизиите ќе ги објават овие податоци, тогаш ќе можеме аргументирано пред јавноста да дебатираме за сите дилеми околу владиното рекламирање во медиумите.
Податоците од анализата на ЗНМ се земени од извори кои се лесно достапни за јавноста:
1. Податоци за објавите на владините реклами во медиумите добиени од Агенцијата АГ Нилсен (Меѓународна агенција која прави постојан мониторинг на програмските содржини и реклами),

2. Официјални ценовници за една секунда рекламирање во националните телевизии добиени од официјални ценовници на телевизиите кои се јавни.

Во анализата на неколку наврати се истакнува дека (цитат): “прикажаните износи можеби се разликуваат од износот кој би го пријавиле медиумите кои се опфатени со анализата, поради тоа што пресметките се направени според официјалниот ценовник, без да е познато дали е направен попуст или друг вид отстапки од пријавените цени“.
Ние сме задоволни што анализата покрена дебата во јавноста бидејќи се работи за исклучително важна тема околу нетранспарентноста на институциите во однос на закупување на медиумски простор што е и дел од извештаите на Европската комисија и сите други релевантни меѓународни институции.
Се надевам дека медиумите конечно ќе излезат со точни податоци колку јавни пари добиваат во име на таканаречено владино рекламирање. Ви стоиме на располагање да учестувуваме во јавна дебата во Вашите телевизии за да го дискутираме ова прашање.

фејсбук статус на Насер Селмани, претседател на ЗНМ

Слични содржини