Семејствата ги идентификуваат остатоците на жртвите од кланот на Вељко Беливук

од Stefanija Kuzmanovska

Денес во Специјалното обвинителство роднините на жртвите од криминалната група на Вељко Беливук и Марко Миjковиќ ги идентификуваат телата, односно остатоците.

Според неофицијални информации, во Обвинителството се појавиле блиски роднини на Лазар Вукичевиќ, Александар Глигоријевиќ и уште една жртва на овој криминален клан, пишува „Новости“.

Да потсетиме, групата на Вељко Беливук беше уапсена во голема акција на Министерството за внатрешни работи и БИА на почетокот на февруари годинава. Осомничени се за сериозни злосторства, вклучувајќи убиство, изнуда и киднапирање.

Слични содржини