Семејствата Родиќ и Ражњатовиќ во „ВОЈНА“, откриени ДЕТАЛИ кој е крив за се

од Stefanija Kuzmanovska

Семејствата Родиќ и Ражнатовиќ не се во хармоничен однос како што изгледа.

Неодамна беше организирана прослава по повод роденденот на Анастасија, а Шијан и неговата избраничка не беа присутни.

Имено, Вељко и Мирко се пријатели уште од мали нозе, иако фолк ѕвездата на почетокот не беше за нивното пријателство, имајќи ги во предвид проблемите со законот што ги имаше Шијан.

Откако ги запознаа сестрите Родиќ, тие двајца станаа и роднини.

– Вељко и Мирко неодамна имаа недоразбирање. Тие беа поканети на роденденската забава, но не се појавија. Бојана не ги сподели ниту двете нови песни на Анастасија на Инстаграм, иако е многу активна на таа социјална мрежа. Всушност, пред Богдана да ѝ стане снаа, Анастасија се дружеше со Бојана, тие беа навистина добри пријателки, но во последно време се оддалечуваат. Бојана била повредена што таа не дошла на неколкуте прослави што ги прават во последно време, не била на роденденот на нејзината најстара сестра Наташа, на прославата на 6 мај, па се согласила со Мирко дека не треба да одат – вели извор за „Свет“.

Мајката на Мирко, Гоца Божиновска не сакаше да се меша, а Бојана и Мирко беа недостапни за медиумите.

– Не сакам да коментирам ништо, тоа се нивни работи. Не знам каде одат, ниту зошто не биле некаде – рече Гоца за „Свет“.

Слични содржини