Семејството на Џорџ Флојд ќе добие 27 милиони долари

од Stefanija Kuzmanovska

Градот Минеаполис се согласи да плати 27 милиони долари за подмирување на граѓанската тужба поднесена од семејството на Џорџ Флојд во врска со неговата смрт додека беше под полициски надзор.

Градскиот совет на Минеаполис ја објави веста за подмирувањето по седницата зад затворени врати. Бен Крамп, адвокат на семејството Флојд, најави подоцнежна прес-конференција.

Тој во подготвената изјава посочи дека ова е најголемата спогодба пред судењето и дека испраќа силна порака дека „и животите на црнците се важни и дека полициската бруталност врз црнците мора да престане“.

Флојд беше прогласен за мртов на 25 мај, откако поранешниот полицаец Дерек Чоувин го притискаше неговиот врат со колено околу девет минути. Смртта на Флојд предизвика протести во Минеаполис и пошироко.

Семејството на Флојд го ​​тужеше градот во јули минатата година, Чоувин и уште тројца отпуштени полицајци поради неговата смрт.

Слични содржини