Семејството на Квејден Бејлс одби 308.000 долари – даваат сè за хуманитарни цели

од Vladimir Zorba

Семејството на австралиското момче Квејден Бејлс, чиј случај неодамна го шокираше светот, ги отфрли парите за Дизниленд, собрани од граѓаните за нив.

Наместо тоа, семејството вети дека ќе ги донира парите за добротворни цели.

Мајката на Квејден неодамна објави видео-запис од својот син на социјалните мрежи, непосредно откако бил малтретиран на училиште поради тоа што имаџуџест раст.

Видеото предизвика бура низ целиот свет, како и голем број на пораки за поддршка за Квејден, па во кампања на интернет беше собрано 308.000 долари за неговото семејство.

Семејството Бејлс велат дека се благодарни за делото, но сакаат да се концентрираат на „вистинските проблеми“.

„Ова момче беше малтретирано. Колку луѓе, црнци или белци, извршуваат самоубиство заради малтретирање кое го трпат“, изјави Манданара Бејлс, тетка на Квејден за „НИТВ“.

„Ние сакаме парите да одат во организации во нашата заедница на кои им се потребни. Колку и да сакаме да го видиме Дизниленд, мислам дека на овојначин ќе добие нашата заедница повеќе“.

Како што наведуваат, две организации ќе добијат пари – Свесност за џуџест раст Австралија и Балун Фондацијата за исцелување.

Семејството Бејлс е исто така во контакт со Бред Вилијамс, американски комичар, кој имаџуџест раст, кој започна кампања за Квејден.

Во меѓувреме, тој доби можност да го изведе на теренот рагби тимот на Квинсленд и доби голем број на пораки за поддршка.

Пораки му испратија и познати личности, како што се холивудскиот актер Хју Џекман и кошаркарот Енес Картер.

Слични содржини