Семејството на Марадона го тужи менаџерот поради новиот дрес на Наполи

од Nikola Popovski

Ликот на Диего Марадона се најде на дресот на фудбалскиот клуб Наполи, а семејството на прославениот фудбалер поднесе тужба против Стефан Цеци, поранешен менаџер, кој дал дозвола ликот на Марадона да се искористи за таа цел.

Семејството на Диего Марадона покрена судска постапка против Стефано Цеци откако минатата недела фудбалерите на Наполи на теренот излегоа во дрес со ликот на аргентинската легенда.

Наполи на мечот со Верона претстави нов дрес со кој сакаше да му оддаде почит на великанот, но тоа му пречеше на семејството на Марадона бидејќи не дадоа дозвола, но Цеци тоа го направил без нивно прашање.

„Овластувањето го потпиша Стефано Цеции, кој беше менаџер на татко ми, но сега веќе го нема, а ние сме единствените наследници кои потпишуваат ваков вид овластување“, изјави Диего Марадона Јуниор.

„Дресот во чест на татко ми е гордост, но жал ми е што Наполи не води грижа што ние легитимните наследници не бевме вклучени и не дадовме согласност“, додаде синот на легендарниот фудбалер.

Цеци бил долгогодишен пријател со Марадона, а по долгогодишно дружење стана негов менаџер.

Диего Марадона почина на 25 ноември 2020 година во Аргентина.

Слични содржини