Семинар „Транспарентност и одговорност во политичките процеси“

од desk4

Транспарентност и одговорност во политичките процеси, е темата на семинарот за стратешко планирање, едукација и градење партнерства, што ќе се одржи денеска и утре во Велес, во организација на НВО ЦИВИЛ – Центар за слобода.

Според најавата од организаторот, специјални гости на семинарот ќе бидат претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска, експертот за финансии и поранешен советник  во Министерството за финансии Бранимир Јовановиќ, како и градоначалникот на Велес Аце Коцевски.

– Излагањата на специјалните гости на семинарот ќе бидат добра основа за понатамошни активности на граѓанските организации и градење меѓусекторски партнерства за постигнување на повисока транспарентност и одговорност во политичките процеси на локално и национално ниво. Еден од приоритетите на ЦИВИЛ секако е борбата против корупцијата, а семинарот „Транспарентноста и одговорноста во политичките процеси“ на ЦИВИЛ ќе биде искористен како своевиден водич за понатамошни акции на организацијата, но и на потенцијалните партнерски организации и граѓански иницијативи во оваа област, стои во најавата ЦИВИЛ.
Семинарот е дел од проектот „Граѓански објектив: Транспарентност и одговорност во политичкитепроцеси“.

Слични содржини