СЕММ: Зголемен број на претставки-наместо да се подобри состојбата во медиумите, таа е влошена

од desk3

Советот за етика во медиумите на Македонија, нагласувајќи ја значителната улога на медиумите во однос на претстојните избори, и понатаму ќе продолжи да работи на олеснување и поттикнување на процесот на саморегулација и доследна примена на етичките и професионалните стандарди на професијата. Предизвикот на објективноста, независноста и рамнотежата во медиумите е нешто со што тие се соочуваат секојдневно, но не постои подобар тест за нивната професионалност од изборите.

20160905_114156

 

Осумдесетина претставки против текстови во медиуми годинава се поднесени до Комисијата за етика при Советот за етика во медиумите на Република Македонија, а околу 130 за година и половина, колку што постои ова тело, информираа денеска од СЕММ.

Претседателот на СЕММ Драган Антоновски истакна дека сега е време дас е вложи во саморегулацијата за да не дозволиме некој друг да не регулира и предупреди:

Слободата на говорот, значи слободно да ги изборате темите, слободно да пишувате за секоја тема, а воопшто слобода на говор не значи  лупетање пред камера , да лажете  да пуштате полувиситни и да бидете слободно на страната на пропагандата, туку целта е  витинитото , навремено и точно информирање

Тоа се правилата ако сакаш да се нарекуваш новинар , да бидеш на страна на професијата,  другото е бербатење  уништување и ставање на професијата не во интерес на  информирање на граѓаните, туку во функција на политичките  и бизнис елити во функција на лажење , спинување и дезинформирање на јавноста, истакна Антоновски.

Извршниот директор на СЕММ, Марина Тунева, ги повика медиумите на саморегулација за да се запазат етичките норми во новинарството.

– Помина повеќе од половина година откако беше потпишана Повелбата за етичко известување за избори, а претставките сè уште стигнуваат. Наместо да се подобри состојбата во медиумите, таа е влошена – изјави Тунева.

Од СЕММ најавија засилено следење на медиумите и уште еднаш повикаа да се почитува Повелбата, во која јасно се посочени насоките за известување на медиумите во предизборниот и во изборниот период.

Мирче Адамчевски од претседател на комисијата за жалби на СЕЕМ вели дека најголем дел од поплаките се однесуваат на текстови од порталите и поради тоа што тие не се регулирани, се очекува нивниот број драстично да се зголеми во предизборниот период.

– Речиси и да нема претставка во која не е наведено дека во текстот ја нема втората или третата страна. Голем дел се однесуваат, исто така, и на говор на омраза – рече Адамчевски.

sovet-za-etika

Претседателот на СЕММ Драган Антоновски  предупреди и дека решените претставки до СЕММ од комисијата за жалби, и покрај тоа што некои не ги објавуваат,  ќе се сметаат за опомена што во натамошниот процес ќе значи и губење на правото на медиумот да биде избиран во органите на СЕММ. До колку  тоа се повторува  може да дојде и до иклучување на медиумот од членството во СЕММ,  особено за тие кои се потписници  на Повелбата за фер  и етичко известување за време на изборите.

  • „Знаете,  партиите веќе не ги чекаат кампањите за да ефектуираат излажат и дефукусираат, во борба за гласачите. Во изборините кампањи само се мери квантитативно кој   колку пренел, а квалитативното се одработува сега , а самиот ден на избороите е проткол и тука работата одамна е завршена во овој предизборен период и нешто во самата кампања  на изборите. Треба да се знае дека тоа , сега го вршат медиумите кои се на услуга на политичките елити. Новинарството мораме да потенцираме не е пропаганда тоа е нешто друго, а оваа што премолчено  се прави  во дел од „македонското новинарство “ е само соучесништво во урнисувањето на професијата, професионалните стандарди, а со тоа и на демократизацијата на државата, истакна Антоновски.

За таа цел, ги повикуваме медиумите да дејствуваат како стожери на јавниот интерес и заштита на јавното добро и обединување на медиумските професионалци во консолидирање на поставеноста на новинарската професија во општеството.

Апелираме за поддршка на саморегулацијата од страна на медиумите преку одговор на легитимните поплаки од јавноста и коригирањето на грешките и недоследностите во известувањето заклучи извршниот директор Марина Тунева.Sovet-za-etika-2-702x336

„Медиумите не смееат да дозволат да бидат арена за натпревар во која најмоќните ќе се изборат да доминираат со одредени пораки, а новинарите ги потсетуваме да бидат искрени кон публиката, но и искрени кон фактите, за да не влезат во стапицата на застапувачкото новинарство. Во интерес на етичкото и професионално работење, од медиумите очекуваме да не се претворат во разгласни станици на политичките партии, а со јавноста е потребно да комуницираат редовно и да ја информираат квалитетно за сите политички процеси и актери во изборниот процес, избегнувајќи едноставна репродукција на настаните и зборувајќи повеќе за контекстот на случувањата и нивната анализа. Медиумите имаат обврска да им помогнат на граѓаните да се едуцираат за своите демократски права, да се информираат за текот на кампањата и севкупно за целиот изборен процес„ истакна Тунева.

Слични содржини