Сензација на Евровизија! Погледнете што се случи минутa пред гласањето на Јана Бурчевска!

од Vladimir Zorba

Македонската претставничка на изборот на песна на Евровизија, Јана Бурческа, не успеа да обезбеди пласман во финалето. Бурческа ја отпеа песната „Денс алон“, имаше одличен настап, но сепак немаше доволно гласови за да влезе во десетте полуфиналисти.

Сепак Бурческа ќе ја памети оваа Евровизија во Украина целиот свој живот зошто среде гласањето момчето што го претставија како Александар ја запроси Јана пред камерите и пред 200 милиони гледачи кои вечерва ја следат полуфиналната вечер на Песната на Евровизија.

 

Пред да настапи македонската претставничка на Евросонг со промотивниот спот објави дека е трудна. Во спотот што се пушта како најава пред секој настап на учесниците на евровизискиот фестивал во една сцена се појавува Јана на ехо преглед во гинеколошка ординација.

Сепак, Македонија веќе 20 години се обидува да најде успешна формула за Изборот за песна на Евровизија, но само еднаш успеа да заврши во горната половина во финалето, и тоа во 2006 година кога Елена Ристеска го освои 12. место со „Нинанајна“.

Слични содржини