СЕНЗАЦИОНАЛНО: Откриени нови подземни езера со течна вода на Марс

од Aleksandar Petrovski

Во близина на јужниот пол на Марс, благодарение на радарскиот инструмент на вселенското летало на Европската вселенска агенција, откриени се уште три подземни езера со течна вода.

Во исто време, беше потврдено постоењето на четврто, поголемо езеро, во близина на кое се наоѓаат сите три новооткриени езера.

Според Би-Би-Си, течната вода е важна за можноста за формирање и одржување на животот, но се смета дека водата во овие езера е исклучително солена, што потенцијално им отежнува на микробите да преживеат во нив.

Поради ретката атмосфера, течната вода на површината на Марс е скоро невозможна појава, но под дното на „црвената планета“ сепак ја има.

Слични содржини