Сензационално! Зизу е пред враќање во Јуве

од Vladimir Zorba

Зинедин Зидан е пред сензационално враќање во Јувентус како спортски директор, соопштува шпанскиот весник „Либертад Дигитал“.

46-годишниот Зидан го напушти Торино пред 17 години, за да ја продолжи својата кариера во Реал Мадрид, по што стана и тренер на „кралскиот клуб“, освојувајќи ги последните три изданија на Лигата на шампионите.

Зидан го напушти Јувентус во 2001 година за рекорден за тогаш износ од 77,5 милиони евра, но секогаш бил во добри односи со раководството на клубот.

Во јуни, Зидан изненадувачки објави дека нема желба повеќе да работи како тренер на Реал и го напушти клубот, а во понеделникот Јувентус го финализираше трансферот на петкратниот освојувач на „Златната топка“, Кристијано Роналдо токму од Реал.

Според информациите на изданието, Зидан ќе работи заедно со актуелниот спортски директор на Јувентус, Фабио Паратичи, а можно е Французинот да има и само советодавни функции.

Слични содржини