Сензор, кој безжично може да ја следи виталноста на човечкото тело

од Vlatko K

Концептот на минијатурни сензори кои се лепат на човечкото тело и кои ги следат вашите
здравствени индикатори, не е нов. Водечкиот проблем за овој тип на компоненти е фактот дека тие
бараат надворешен извор на енергија за да функционираат. Интеграцијата на дури и најмалата
антена, сепак, сериозно ја зголемува големината и негативно влијае на нивниот дизајн. Тим од
научниците од универзитетот Стенфорд развија ефикасно решение за проблемот, кој се нарекува
„TheBodyNet“.


Всушност, ова име крие систем кој користи RFID врска помеѓу сензорот што е поставен на кожата и
приемникот на паметна облека. Уникатниот сензор е доволно флексибилен, лесен и удобен за
носење, практично незабележлив. Системот ви овозможува да ги следите дури и најмалите
промени на површината на кожата, што обезбедува важни податоци за отчукувањата на срцето,
дишењето, мускулната активност, итн., пренесува Engadget.

Иновативниот RFID систем е во состојба со сигурност да испраќа безжични сигнали и покрај
постојаните промени во перформансите. Дополнителниот приемник користи Bluetooth за да ги
испрати податоците на паметен телефон или компјутер. Во оваа фаза, водечкото ограничување е
поврзано со потребата овие две компоненти да бидат лоцирани во близина. Тој веќе
експериментира со различни идеи, од кои едната е инсталација на приемник и сензор директно во
самата облека.

Слични содржини